Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Делува дека одлуката да го напушти Сити и да се пресели во Севиља беше еден од најдобрите одлуки во неговата кариера.
Фудбалерот на Сити е на позајмица во Севиља и игра одлично.
Поранешниот играч на Марсеј и Арсенал пред оваа сезона се појави на подготовките на Сити со повеќе килограми, а тоа Гвардиола не можеше да го трпи, па беше јасно дека нема да игра премногу.
Сепак, на крајот му беше ставено до знаење дека неговите квалитети се потребни на клубот, иако тој одлучи да се пресели во Севиља.
Беше во право, неговиот почеток во Севиља е како од соништата, постигна 3 голови на 8 настапи, а беше стрелец и на единствениот гол на натпреварот во Загреб.
Токму на тој натпревар, Насри беше многу добар, а еден податок фасцинира многу повеќе од неговиот погодок вреден 3 бодови.
Тој се обиде да направи 158 додавања, а тоа е за 4 помалку од рекордот во ЛШ кој го има еден од најдобрите играчи за врска, поранешниот капитен на Барселона, Чави.