Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот помеѓу Хрватска и Косово ќе се продолжи денес, а почетокот е закажан за 14:30 часот.
Вчерашниот натпревар беше прекинат поради потопениот терен на „Максимир“,а по состанокот одржан утрово, на кој учествуваа челници на ФИФА како и претставници од Хрватскиот фудбалски сојуз како и Косовскиот фудбалски сојуз било одлучено натпреварот да продолжи денес од 22. минута кога беше прекинат.
Утрово е извршен и детален преглед на тревникот на стадионот и е утврдено дека на него може да се игра натпревар.
Иста ваква ситуација се случи и на натпреварот во Скадар каде нашата репрезентација се сретна со Албанија, а последните минути од натпреварот поради обилни врнежи од дожд се доиграа утредента.