Најавата за враќање е залудна – Фјури е сеуште под суспензија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури неодамна изјави дека се враќа во рингот на 13-ти мај.

Фановите се израдуваа по оваа вест затоа што Фјури е закана за секој борец кој ја носи титулата на шампион, но по се изгледа дека тој прерано го најави своето враќање.

„Фјури сеуште е под суспензија. Тој мора многу работи да реши пред да помислиме да му ја прекинеме суспензијата. Со него и неговиот тим немавме никаков контакт. Разбираме дека пред него е сослушување и до тој момент останува се исто.“

Фјури во кариерата има резултат од 25 победи и нема пораз.

Прв е кој ја прекина доминацијата на Кличко, кого го победи во ноември 2015-та година.