Најголемиот губитник на „Златната топка“: Па, што треба да направам за да ја освојам?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Антоан Гризман веќе не го крие разочарувањето затоа што не ја освои „Златната топка“. Инаку, одамна се знаеше дека Лука Модриќ ќе ја освои наградата.

Но, за разлика од Лионел Меси и Кристијано Роналдо, освојувачите на наградите од последните десет години, најдобриот фудбалер на Франција му честиташе на победникот.

„Не можам да останам дома во ноќ како оваа“, објасни Гризман.

На прашањето на новинарите што треба да направи за да ја освои наградата, Гризман имаше интересен одговор.

„Тоа се прашувам и јас“, се запраша Французинот.

Сепак, Гризман не се откажува и најави голема борба за догодина за престижната награда на „Франс Фудбал“.