Најголеми моменти во кариерата на Стивен Џерард


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Џерард имаше голема кариера на која и дојде крај на 24 ноември 2016-та година. Да се потсетиме на некои моменти од неговите 19 сезони.

    За Ливерпул дебитираше на 29 ноември 1998 година во последната минута во ПЛ против Блекбурн.

    https://youtu.be/a-7Mbq3yf-w

    Таа сезона Џејми Реднап имаше проблеми со повреда, па младиот Џерард имаше простор за игра. Првиот гол го постигна во победата против Шефилд Венздеј од 4:1.

    https://youtu.be/D7hMFbhV8HY

    Својот прв гол во репрезентацијата го постигна во историската победа на Англија против Германија во Минхен од 5:1 во квалификациите за СП во 2002 година.

    Најверојатно најважниот гол во кариерата Џерард го постигна на 8 декември 2004 година на „Енфилд“. Ливерпул во група А од ЛШ изгуби од Олимпијакос со 1:0 и во последното коло мораше да победи со 2 голови разлика.

    Понгол беше стрелец на првиот гол за 1:1, а Мелор го донесе во водство Ливерпул во 81-та минута. Следеше окупирање на голот на гостите, а Џерард во 86-та ја доби топката.

    https://youtu.be/tnB4XAhl6PY

    Најголем момент во кариерата Џерард имаше на 25 мај 2005 година на стадионот „Ататурк“. Тој со капитенската лента на раката го крена трофејот од ЛШ.

    Во финалето од ФА купот на стадионот „Милениум“ Вест Хем водеше со 3:2 против Ливерпул. Судијата Алан Вајли објави дека ќе се игра уште 4 минути… Ливерпул на крајот победи на пенали. Џерард беше прецизен од белата точка.

    https://youtu.be/Wbp688J3eBk

    Во сезоната 2013/14 Ливерпул беше во серија од 11 победи по ред. Ги очекуваше натпревар со Челси. Се очекуваше победа, но во последната минута од продолжението во првото полувреме, Џерард згреши и Демба Ба постигна гол за гостите. До крајот Вилијан ја осигура победата за Челси.

    Последниот натпревар на „Енфилд“, Џерард го одигра на 16 мај 2015 година против Кристал Палас. Ливерпул изгуби со 3:1. Тој излезе со 3-те ќерки на теренот на „Енфилд“, а од трибините „грмеше“ песната за Џерард.