Најголем боречки настан во 2016-та година: Конечно борба на два вистински шампиони!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фановите на боксот ќе ја резервираат ноќта од сабота кон недела за најголемиот настан кој овој спорт може да ни го понуди во 2016-та година.

    Сергеј Ковалев(30-1-0) и Андре Вард(30-0-0) ќе бидат дел од натпреварот во кој како влог ќе бидат поставени ВБО, ИБФ и ВБА појасите на рускиот борец.

    За овој натпревар коментар даде Леонард Пијетрај.

    „Тоа за мене е еден од најизрамнетите натпревари по квалитетот на борците во оваа категорија. Можеби дури и не само во таа категорија.“

    „Вард има мал проблем, а тој е тоа што му недостига континуитет во натпреварите како тој кој го има Ковалев, но затоа има поголеми квалитет. Беше одличен аматер, сега е одличен професионалец и многу незгоден борец. Тој би можел малку да го направи натпреварот неатрактивен додека Ковалев е многу поактивен, бара борба, добар е од далечина и од блиска борба, има подобар континуитет, а ги има и титулита кои ги брани.“

    Како до победа на ваков натпревар?

    „Верувајте ми, за тоа би требало да се влезе во голема анализа, но ќе кажам дека важно кај Вард ќе биде далечината, движењето и избегнувањето на отворена борба бидејќи Ковалев е многу опасен. Не се сомневам дека Вард ќе се бори на вистински начин.“

    Обложувалниците го гледаат Вард како фаворит?

    „Фаворит е можеби затоа што има подобри квалитети, а сигурни и поголема желба да победи бидејќи е Американец, а тие сакаат титули. Не ме изненадуваат коефициентите.“