Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата тенисерка во светот, Симона Халеп, денеска се откажа од учество на завршниот ВТА-турнир во Сингапур поради повреда на грбот.
„Не сум подготвена да се натпреварува на ова ниво затоа што чувствувам болки. Одлуката е тешка и мислам дека ова е првпат да се повлечам од голем турнир. Немам тренирано четири месеци и овој потег е добар за моето здравје“, кажа Романката.
Нејзиното место го презема Кики Бертенс, моментално 10. тенисерка на ВТА-листата.
Покрај неа, на турнирот ќе учествуваат Анџелик Кербер, Наоми Осака, Петра Квитова, Каролина Возњацки, Слоан Стивенс, Каролина Плишкова и Елина Свитолина.