Најдобриот африкански фудбалер на сите времиња го слави 50-тиот роденден: Мојот Милан е најсилен тим некогаш


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Тој е хуманитарец, политичар и поранешен фудбалер.
    По потекло е од Либерија, а три пати е биран за најдобар афрички фудбалер и важи за еден од најдобрите фудбалери кои доаѓаат од Африка.
    Во 1995 година е избран за најдобар фудбалер на светот и ја освои наградата “Ballon d’Or”.
    Венгер го донесе во Монако, а го носеше дресот на ПСЖ, Милан, Марсеј, Челси и Сити.
    Со Милан освои две Скудетта, освојуваше купови во Франција со ПСЖ и со Монако, а го освои и ФА Купот со Челси.
    Ја има добиено наградата за Афрички фудбалер на векот.
    Оние кои го паметат може да заклучат дека станува збор од светска класа.
    Неговото име е Жорж Веа.
    Среќен 50 роденден !!!

    „Имав тежок живот, немавхе храна, но не сакам да се враќам на тоа. Повеќе немам мајка, татко или мојата баба. Гледам во иднината. Благодарам, на Бог, наполнив 50 години и се надевам на добро здравје, што не е лесно. Сакам да работам за својата земја и луѓето во Либерија, да бидам во служба на хуманоста. Гледам спорт на телевизија како и секој 50-годишен човек. Се шегувам, секој ден во осум часот одам во теретана и ги одржувам мускулите во форма“, рече Веа за Газета дело Спорт, и додаде:

    „Мојот Милан беше најсилен тим кој некогаш сум го видел. И понатака сум во контакт со Марко Симоне, кој ми беше секогаш како брат“.