Најдобриот играч на Манчестер Јунајтед од стартот на сезоната го продолжува договорот со клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скај Спортс пренесува дека најдобриот играч на Манчестер Јунајтед на почетокот на оваа сезона, Лук Шо е пред потпишување на нов долгогодишен договор со клубот.

Англискиот репрезентативец беше избран за најдобар играч на клубов во август и септември по неговите импресивни настапи на левата бековска позиција.

За разлика од тимот во целина, Шо прикажа одлични настапи и сосема заслужено ги доби тие признанија. Како награда за настапите, младиот лев бек ќе добие и нов богат договор од Црвените Ѓаволи.