Најк ја слави соработката со Манчестер Сити: Дизајнираа посебен дрес кој ги разочара навивачите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најк оваа година одлучи соработката со своите клубови да ја прослави со посебни дресови.

Компанијата неодамна го креираше посебниот дрес за Интер кој е составен од десет различни дресови кои овој клуб ги имал во неговото 20 годишно постоење, а дизајнот ја воодушеви фудбалската јавност.

Американската компанија одлучи тоа да го направи со Манчестер Сити со кој слават шест години успешна соработка. Најк им дизајнираше посебен дрес како и на Интер, но изгледот на овој дрес е многу полош од тој на Интер.

Навивачите на Сити се разочарани од изгледот на овој дрес, тие рекоа дека Најк имал многу подобри можности од оваа. Но, проблемот е тоа што тие се во заедничка соработка само шест години, па немаат баш и некаков избор што се однесува во врска со дресовите.

Манчестер Сити до крајот на сезоната ќе одигра еден натпревар во овие дресови, но уште не е познато на кој меч ќе се случи тоа.