„Најлоша дефанзивна екипа сме во лигата!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По поразот од Сакраменто, тренерот на Денвер, Мајк Малоун имаше многу критики на сметка на својот тим.

Посебно се однесуваше тоа на играта во одбраната.

Меѓутоа не сопре тука, па кажа дека допринсот на ветераните во екипата е многу мал.

„Кога ќе ги пуштите Куфос и Колисон да одиграат фантастичен натпревар, а потоа Афало од клупата мора да станува да постигнува поени, тогаш се е јасно. Најлоша дефанзивна екипа сме. Ако планираме да ги израдуваме фановите мора да се поправи нешто.“

Потоа тој се наврати и на ветераните.

„Навистина имаме играчи кои треба да ги преводат овие млади играчи, но тие не го прават тоа. За време на натпреварите не слушам ниту еден постар кошаркар да им даде поддршка на помладите колеги.“

Ѕвездата на тимот, Данило Галинари го прашаа по натпреварот за коментар на изјавата на тренерот Малоун.

„Не се сложувам со неговата изјава, проблемот на тимот е нешто сосема поинакво.“

Денвер моментално има 14 победи и 21 пораз и се на 10-то место во Западната конференција.