Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серхио Љуљ го напушти вчерашниот меч со Белгија уште во првата четвртина откако се здоби со повреда на коленото, а денеска стигнаа и резултатите од лекарскиот тим кои велат дека Љуљ ќе отсуствува од терените најмалку 6 до 7 месеци. Според податоците, тој ги скинал вкрстените лигаменти во коленото.
Ова е огромен удар за неговиот клуб Реал Мадрид но и за шпанската репрезентација, која на претстојниот ЕвроБаскет требаше да отпатува како еден од главните фаворити.
Љуљ доби поддршка од многу тренери, играчи и фанови насекаде по социјалните мрежи и тој на сите им се заблагодари преку својот Твитер профил.
Volveré! Gracias a todos por los mensajes! ❤️ pic.twitter.com/SZzHNDMQfy
— Sergio Llull (@23Llull) August 9, 2017
Во моментов Серхио Љуљ се наоѓа во Мадрид и таму ќе биде подложен на константна докторска нега во наредните неколку денови.
Серхио Љуљ се покажа како најдобар играч на Реал Мадрид во последните неколку сезони а лани дури и ја освои наградата МВП во ЕвроЛигата.