Најнголан го остава Белгискиот дрес: Седевме во ист ресторан, а тој ни здраво не ми кажа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Раџа Најнголан, потврди дека ќе се пензионира од националниот дрес на Белгија, откако селекторот Роберто Мартинез повторно го изостави од тимот.

Играчот на Рома е еден од најценетите задни везни играчи во Европа, тој дури одби милионски суми од Манчестер Јунајтед и Челзи, само за да потпише нов договор со Рома.

Во овие кфалификации за Светското Првенство, играчот многу малку играше за Белгискиот тим, па затоа е фрустриран и изјави дека тоа е крајот, тој се пензионира од националниот дрес.

„Ми се јави некаде во 11 часот еден саат пред да го објави составот) и ми рече дека не е импресиониран од моите последни игри во националниот дрес во јуни. Мислам дека во тој момент ќе експлодирав, кога го слушнав тоа“. – Изјави Раџа.

Медиумите пренесуваат дека Мартинез му се налутил пред натпреварот со Естонија, кога Најнголан закаснил на тактичката припрема.

„Ништо не спомна, но зборувавме само една минута. А за моете каснење со Естониа, го чекав лифтот и закаснив 37 секунди. И други играчи каснеа не бев само јас, но ако не ви се допаѓа некој секогаш можете да му најдете нешто.“

„Ќе престанам да играм фудбал за репрезентацијата. Ова веќе нема смисла. Тој го повика Јури Тилеман од Монако, кој ја грее клупата и игра само по неколку минути.“ – револтирано изјави играчот на Рома.