Најплатени играчи во светот – Ронало го премина Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите објавија листа на тренери и фудбалери кои минатата година заработија вистинско богатство.

Што се однесува до тренерите, Мурињо заработил 25 милиони фунти повеќе од Гвардиола.

А што се однесува до фудбалерите, главната борба ја водеа Роналдо и Меси. Сепак, Роналдо благодарение на големите спонзорски договори се најде на првото место и стана најплатен фудбалер во минатата година.

  1. Езекиел Лавеци

Лавеци по неколку години во ПСЖ, одлучи да премине во Кина. Тој потпиша за Хебеи Фортуна, а во минатата сезона заработи 28.5 милиони евра што е многу помалку во однос на Роналдо.

  1. Герет Бејл

На листата на 5 најплатени фудбалери се наоѓаат 2 играчи на Реал Мадрид, а еден од нив е Бејл. Тој заработи 41 милион евра, но се очекува оваа година да биде уште подобар.

  1. Нејмар

Бразилската ѕвезда е трета на оваа листа. Нејмар во Барселона заработува големо богатство, а најмногу пари доаѓаат од спонзорите, па тој заработи 55.5 милиони евра.

  1. Лионел Меси

Меси овој пат остана зад Роналдо. Иако во минатите години добро му се спротистави, но оваа година заработи 76.5 милиони евра.

  1. Кристијано Роналдо

Португалецот зад себе има година за паметење во која со Португалија и Реал Мадрид освои титули. Исто така, го премина и Меси што се однесува до заработката. Благодарение на договорот во Реал и голем број спонзори тој заработи 87.5 милиони евра.