На Агуеро му е доста, ова е прва понуда?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сигурно е дека ќе ги има уште, но изгледа дека времето на Кун истече.

Пред неколку недели наводно Гвардиола соопшти на Кун Агоеро дека може да го напушти Сити и дека не е задоволен, не толку од неговите игри, колку од залагањето, но и некои работи кои немаат врска со теренот.

Наводно, Аргентинецот не ги почитува баш сите правила на Пеп кои се однесуваат на приватниот живот па тоа може да ја забрза одлуката за негова продажба.

Кун против Вест Хем беше на клупата, а постојат наговестувања, додуша непроверени, дека до крајот на сезоната Габриел Жесус ќе почнува се повеќе натпревари и дека Пеп го спрема за прв шпиц.

Тоа значи само едно, Кун Агуеро повеќе не е незаменлив и нема да биде чудко ако Сити се одлучи на него да заработи.

Наводно, Интер веќе подготви понуда, тоа што беше спремно да се вложи во Џејмс Родригез, околу 80 милиони евра.

Кун би станал најплатен играч во Серија А, а компанијата „Сунинг“ нема никакви финансиски пречки за од лето да доведе една голема ѕвезда.

Единствен проблем може да биде дали ќе изборат пласман во Лигата на шампионите, а се потенцира и друг, желбата на Агуеро да се врати во Шпанија.

Во тој случај и Реал и Барселона се во игра, тој е опсесија на Флорентино Перез, но во Каталонија игра неговиот најдобар пријател, Меси.

Сепак, се чини дека „Лос Бланкоси“ би била реална опција, со тоа што пред тоа мораат да го продадат Мората и да отворат место за аргентинскиот напаѓач.

Медиумите во Англија веруваат дека Сити ќе бара повеќе од 80 милиони евра за најефикасниот фудбалер во својата историја.