„На Априлија и треба `диета` пред новата сезона“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Шпанецот Алеш Еспаргаро, кој екипата на Сузуки ја замени со Априлија на крајот на сезоната во Мото ГП шампионатот, смета дека новиот мотор треба да  „изгуби“ неколку килограми.

    Иако во Априлија во текот на сезоната работеа моторот да биде полесен, Еспаргаро смета дека е потребна нова „диета“.

    „Потребно е да поправиме уште неколку работи. Потребно е моторот да го ставиме на диета, да изгуби неколку килограми. Тоа ќе ми помогне многу.“

    Априлија најави дека новиот мотор ќе биде претставен на 30-ти јануари, кога на патеката „Сепанг“ во Малезија ќе бидат оддржани првите предсезонски тестови.