Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Како што пренесуваат медиумите од Турција, фудбалерот на Барселона повторно би можел да заигра во Истанбул.
Арда Туран ја започна професионалната кариера во Галатасарај. 6 години ги бранеше боите на тој клуб и стана капитен, а во 2011-та година се пресели во Атлетико Мадрид.
По 4 години во редовите на Атлетико Мадрид, тој ја засили Барселона, но не успеа да се прилагоди.
Се поблиску е до заминување од тимот, а оваа сезона тој не одигра ниту еден натпревар за Валверде, а најголем интерес за неговите услуги покажаа клубовите од неговата татковина.
Долго време се пишуваше за негово враќање во матичниот Галатасарај, но според најновите информации, тој би требало да се пресели во Башакшехир.
Актуелниот лидер во турскиот шампионат сака да се задржи на тоа место, а нема сомнеж дека со доаѓањето на Туран, тие би станале главен кандидат за освојување на титулата.