На денешен ден Јунајтед го доживеа најголемиот дебакл (ВИДЕО)


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


На денешен ден пред седум години Манчестер јунајтед доживеа еден од најголемите срамови во својата историја, зашто градскиот ривал Сити ги победи со 6-1.

Манчестер јунајтед го доживеа најтешкиот пораз на домашен терен уште од далечната 1955. година, но сигурно ова беше најболниот во нивната историја.

Тогаш „граѓаните“ ги предводеше Роберто Манчини, а ниту тој не можеше да сонува дека ќе го победи тимот на Сер Алекс Фергусон со 6-1.

Манчестер сити на својата официјална Фејсбук страна се потсети на моментот кога го понижија градскиот ривал, а победата засекогаш ќе ја паметат нивните навивачи.