Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Алан Сент Максимин е долгорочна мета на Милан, се обидоа во клубот од „Сан Сиро“ да го донесат овој фудбалер во јануари, но не успеаа во таа намера.
Милан како што се наведува веќе ги договорил условите со Максимин, но не успеа да го направи тоа со Ница па трансферот пропадна.
Денес како што се наведува, активиранае и клаузулата по која Сент Максимин го продолжи договорот со Ница на дополнителни две години, па сега со договор е врзан се до 2022. година.
Постоеше клаузула по која Ница во секој момент може да го продолжи договорот со ова момче, па сега е во уште подобра преговарачка ситуација кога се работи за продажба на ова момче.
Секако, желбата не Милан не е помала, па останува да се види кои ќе бидат нивните напори во текот на летото.