Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оштета и престижна работа, па сигурно не треба многу да жали ако во следните седум дена заработи отказ…
И самиот Маурисио Сари знае дека е готово, иако вели дека не размислува за тоа.
Единствен начин да остане е да оствари победи во серија, да ја освои ЛЕ или да заврши во топ 4. Со победата во Лига Купот би купил време само до мечот со Тотенхем, но изгледа дека играчите повеќе не му веруваат.
„Тоа е како да седиме во клупа и да го слушаме истото, досадно е, но тоа ми е работа“, истакна искрено Антонио Рудигер кој вели дека е тешко да се прилагоди на фудбалот на Сари.
И додека клубот размислува да го замени, да му врачи отказ и плата за една сезона од 5 милиони евра, ниту некогашниот банкар не е наивен.
Имено, тој се состана со Франко Балдини, кој е советник на претседателот Палота и разговараше за тоа да ја преземе Рома следната сезона.
Судејќи по се, ако остане без Лигата на шампионите, Ди Франческо ќе биде сменет, а Палота веројатно ќе го отпушти и Мончи, сакаат да направат нов почеток, а со Сари тоа би било можно. Тој би се одморил ако добие отказ во Челси и ќе се врати во Италија на престижната клупа…