На Манџукиќ му се ближи крајот: Јувентус најде фантастичен напаѓач!?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Иако Јувентус потпиша договор со Марио Манџукиќ до 2020. година, италијанскиот шампион реши да побара алтернатива за него.

Италијанските медиуми пишуваат дека „Старата дама“ е заинтересирана за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, кој го гледаат како идеално решение.

Манџукиќ е во одлична форма, но има 32 години, за разлика од Вернер кој има само 22 години и минатата сезона постигна 13 голови и седум асистенции.

Вернер има договор до 2020. година со германската екипа, а наводно Јувентус ќе треба да плати повеќе од 80 милиони евра за неговиот потпис.