„На Милан местото му е во Лигата на шампиони“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот дефанзивец на Милан, Матија Калдара, денеска зборуваше за новите цеи на клубот.

„Првиот чекор е да имаме стабилна игра која тренерот ја сака. Подоцна тоа ќе го покажуваме од натпревар во натпревар. Екипата сака да се врати во Лигата на шампиони, зашто ја заслужува и тоа ни е главна цел. Знаеме дека не е лесно, но имаме играчи кои се способни за такво нешто и мораме да бидеме свесни дека може да се вратиме во најелитното европско натпреварување“, кажа Калдара.

Поранешниот европски шампион во моментов игра во Лигата на Европа, а веќе со години сака да се врати во Лигата на шампиони, но тоа не им успева од сезоната 2013/14.