Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома остана без бразилскиот голман Алисон Бекер, кој вчера замина во Ливерпул, каде што ќе има лекарски прегледи и ќе потпише петгодишен договор.
Токму поради тоа Рома тргна во потрага за негова замена, а италијанските медиуми пишуваат дека неколку имиња се во потесниот избор. Еден од нив е Алфонсо Ареола од ПСЖ, Робин Олсен од Копенхаген и Касеп Шмајхел од Лестер сити.
Местото на Ареола на голот на ПСЖ не е сигурно бидејќи во екипата стигна Џанлуиџи Буфон, кој најверојатно ќе биде прв голман.
Од друга страна, Шмајхел беше одличен на Мундијалот на голот на Данска и привлече големо внимание.
Исто така, Италијанците пишуваат дека Рома го сака и резервниот голман на Барселона, Каспер Силесен, кој би ги чинел 50 милиони евра.