Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прв пат откако Филаделфија го одбра за 3 пик на драфтот во 2014 година, Џоел Ембид се враќа на паркетот.
Тој во претсезонската победа против Бостон со 92:89 постигна 6 поени, 4 скокови, 2 блокади и 3 изгубени топки.
„Се чувствував како да сум нов НБА играч, но силен сум.“
„Поминаа само 2 години. Не чувствувам дека поминаа многу години.“
Последен пат тој играше во март 2014 година во дресот на Канзас, а мораше 2 сезони да пропушти поради операција на десното стапало.
„Не бев во форма на почетокот и мислев дека треба повеќе да одам кон кошот отколку да шутирам. Следен пат ќе пробам нови работи.“