Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми се убедени дека Пол Погба би можел да се врати во Јувентус.
Погба летото 2016. година за тогаш рекордни 105 милиони евра го замени Јувентус со Манчестер Јунајтед, но поради постојаните судири со Мурињо одлучен е во намерата да го напушти „Олд Трафорд“.
Следната станица во кариерата на Погба би можела да биде Јувентус, чии челници, како што тврдат италијанските медиумите, ќе се обиде следниот месец тој трансфер и да го реализира. Јувентус како што се наведува се подготвени да му понудат на Манчестер Јунајтед 80 милиони евра за враќањето на Погба.
За Погба интерес од порано полажа и Барселона, па во Јувентус во случај да не го реализира зацртаниот план, подготвија и опција Б. Резервната варијанта е Иско на Реал Мадрид.
Што ќе се случи од целата приказна, останува да се види.