На Роналдо му недостигаат четири гола за да стигне до неверојатен рекорд (ФОТО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо игра фантастично и сезонава, откако пристигна во Јувентус, а доколку постигне уште четири гола годинава ќе продолжи неверојатна серија.

Португалецот доминираше прво во Манчестер јунајтед, а потоа и во Реал Мадрид, со кој освои сè, па урна многу рекорди.

Роналдо од 2011 година во секоја календарска година постигнуваше 50 или повеќе голови, а таа серија би можел да ја продолжи и осма година по ред, а му требаат уште четири гола во следните три меча.

Во моментов Роналдо има 46 погодоци, а Португалецот ќе има тежок предизвик во следните три меча да стигне до бројката од 50 гола бидејќи Јувентус игра против Рома, Аталанта и Сампдорија.

Рекордни 60 голови Роналдо постигна во 2013 година, а би била навистина голема штета неговата серија да прекине годинава.