На САГАТА и нема крај: Ново потенцијално тренерско име во битката за клупата на „Кралевите“ од Мадрид?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид активно бара нов тренер кој ќе го наследи Јулиен Лопетеги.

Кандидатот за, да кажеме, никогаш не досадната клупа на кралскиот клуб се истакнуваше најмногу дека ќе му припадне на Антонио Конте. Италијанскиот тренер нема ангажман и многу е реално да се очекува да седне на клупата на Реал, повеќе отколку на пример Покетино кој исто така се споменува во оваа приказна.

Меѓутоа, ЕСПН јавува дека се појавил уште еден кандидат и тоа Леонардо Јардим, кој во изминатиот период имаше многу успеси со Монако.

Поради кризата во која западна овој клуб, Јардим заработи отказ во Монако и моментално е без ангажман и не би претставувало чудо навистина да го видиме во Мадрид.

Станува збор за тренер роден во Венецуела, кој во текот на кариерата ги тренираше Брага, Олимпијакос и Спортинг, пред во 2014. година да го преземе Монако со кого ја освои Лига 1 и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите.

За потсетување, Реал моментално е предводен од Сантијаго Сколари кој е привремено решение на клупата на мадридскиот клуб.