На Салах му се заканува суспензија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Египетскиот фудбалер Мохамед Салах би можел да го пропушти остатокот од сезоната во англиската Премиер лига.

Имено, Салах на средбата со Стоук помина неказнето откако сакаше да го удри Бруно Мартинс Инди, но од Англискиот фудбалски сојуз (ФА) ќе покренат истрага по овој случај.

Салах би можел да биде казнет со три натпревари што значи дека ќе ги пропушти натпреварите со Челси и Брајтон.

Тоа значи дека најдобриот фудбалер во Премиер лигата би можел да остане и без наградата за најдобар стрелец во Премиер лигата затоа што Кејн ќе има можност на преостанатите три средби да ја надополни негативата од пет голови.