На Стерлинг му „пукна филмот“, жестоко ги критикуваше медиумите и тоа со добра причина (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг ги обвини медиумите дека шират расизам во фудбалот поради начинот на кој ги прикажуваат младите црномурести фудбалери.

Стрелинг по дуелот против Челси на „Стемфорд бриџ“ се пожали на расна дискриминација, а денеска на својот Инстаграм профил напиша дека може да се насмее на тоа, зашто не очекува подобро.

Тој потоа го опиша и начинот на кој медиумите известуваат за двајца фудбалери, Тосин Адарабијо и Фил Фоден.

Насловот кој се однесува на Адарабијо, кој е црнец, е фокусиран на тоа дека потрошил 2,25 милиони фунти за куќа и покрај тоа што никогаш не почнал ниту еден дуел во Премиерлигата. Од друга страна се споменува Фоден, кој купил куќа од два милиони фунти за својата мајка.

„Земате двајца млади фудбалери, кои ги почнуваат кариерите и кои направиле добри потези, односно купиле куќи за нивните семејства. Но, погледнете како новинарите ги пренесуваат тие вести. Најпрво за црниот, а потоа и белиот фудбалер. Тоа е неприфатливо. Тие не направија ништо погрешно. Вака се шири расизам и агресивно однесување“, вели Стерлинг.

 

View this post on Instagram

 

Good morning I just want to say , I am not normally the person to talk a lot but when I think I need my point to heard I will speak up. Regarding what was said at the Chelsea game as you can see by my reaction I just had to laugh because I don’t expect no better. For example you have two young players starting out there careers both play for the same team, both have done the right thing. Which is buy a new house for there mothers who have put in a lot of time and love into helping them get where they are, but look how the news papers get there message across for the young black player and then for the young white payer. I think this in unacceptable both innocent have not done a thing wrong but just by the way it has been worded. This young black kid is looked at in a bad light. Which helps fuel racism an aggressive behaviour, so for all the news papers that don’t understand why people are racist in this day and age all i have to say is have a second thought about fair publicity an give all players an equal chance.

A post shared by Raheem Sterling x ? (@sterling7) on