На таткотко на Нејмар не му „запали“ кај Барселона, но најскапата цена за тоа ја плати ПСЖ…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар летото 2017. година стана најскапиот играч на сите времиња откако од Барселона премина во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.

Нејмар по четири сезони одлучи да го напушти каталонскиот клуб откако ПСЖ ја активираше неговата откупна клаузула. Сепак, Бразилецот не се раздели баш на најдобар начин со Барселона бидејќи се „расипа“ неговиот татко кој го тужеше клубот откако не му беа исплатени 26 милиони евра за „лојалност“.

Секако, Барселона одби да ја исплати оваа сума, а на крајот ФИФА пресуди во корист на Каталонците. Меѓутоа, таткото на Нејмар не беше тажен на крајот бидејќи слична сума на крајот доби од ПСЖ, Францускиот клуб на Барселона прво и плати 222 милиони евра, а потоа и 30 милиони евра за сметка на таткото на Нејмар.

Тие на тој сакаа да го наградат со бонус бидејќи токму тој беше и најзаслужен што неговиот син премина во ПСЖ. Но, на крајот звучи невројатно дека Нејмар го чинеше ПСЖ дури 252 милиони евра.