„НБА играчите примаат допинг и земаат стероиди!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот американски тренер, Џорџ Карл во својата автобиографија напиша дека е сигурен дека НБА кошаркарите примаат допинг.

Неговата книга се вика „Бесниот Карл: Моите 40 години преживување на НБА ѕверот, генерални менаџери и лоши селекции на удар“, а во неа открива голем број детали од богатата кариера.

„Се фалиме дека имаме подобра програма за допинг тестови во однос на НФЛ или МЛБ, но очигледно постои проблем со допинг на играчите. Работите се поинакви од пред 30 години. Тој проблем ме мачи многу повеќе од будалите кои користат рекреативни дроги.“

„Играчите примаат допинг. Нека ми објасни некој како со години стануваат слаби и подготвени? Дали е можно толку брзо да се врата од повреда? Зошто одат во Германија надвор од сезоната? Се сомневам дека тоа е поради кислородот.“

Џорџ Карл смета дека играчите примаат допинг со хормони за раст, како и за продолжување на кариерата со различни недозволени супстанции, а за тоа може да се прочита повеќе во неговата автобиографија.

Легендарниот тренер во текот на својата богата кариера водеше голем број НБА клубови како Кливленд, Голден Стејт, Сиетл и Денвер, а два пати беше тренер и на Реал Мадрид.