НБА понекогаш се претвара во циркус: Кошаркарските правила не важат за Харден


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џејмс Харден е исклучителен кошаркар, но не е тајна дека е еден од оние на кои судиите во НБА лигата најмногу му прогледуваат низ прсти.

Во победата против Јута, кошаркарот на Хјустон одигра одличен меч, постигнувајќи 47 поени, но и неговит настап ќе се памети по тоа што во еден момент изведе двочекот при повлекување наназад во прилика на шутирање.

Иако очигледно направи недозволен потег, судиите ништо не досудија, а ова предизвика потсмев и големи осуди од бројните НБА кошаркари.

Еден од оние кои се огласија беше и Исах Томас, кој на Твитер напиша: „ Сега и ова го дозволуваат? Па наскоро ќе станам незапирлив“