Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако новата сезона во втората лига во Мексико започнува овој викенд, тимот на Дорадос де Синалоа моментално е без тренер.
Имено, легендарниот Диего Армандо Марадона кој од клупата го предводи овој клуб мистериозно исчезна и не се појавува во клубот.
Според еден извор, Марадона останал малку повеќе за божиќните празници во Аргентина, додека други остакнуваат дека има проблеми со продолжување на договорот со сегашниот клуб и на овој начин врши одредени притисоци на челниците на клубот.
Во првиот меч веројатно ќе го замени Хозе Мариа Мартинез, исто така Аргентинец, а тали легендарниот Марадона сепак ќе се појави останува да видиме. Можеби во пресрет на мечот или на полувремее…
Диего Марадона не успеа да го внесе Дорадос во најелитниот ранг во Мексико, бидејќи неговата екипа беше поразена во финалето од Атлетико Сан Луис. Интересно е што во првиот дел тој влезе во расправија со противничкиот тренер, па на крајот заработи исклучување.
Во тој прв меч Дорадос славеше сп 1:0, но во реваншот беше поразен со 4:2, па така Атлетико избори пласман во најсилниот ранг. Марадона по мечот не беше најдобро расположен, а сол на раната по мечот му ставија и навивачите на противничкиот тим кои жестоко го навредуваа, меѓудругото велеа и „Марадона пуши к*р“, а сето тоа сакаа и да го снимат што изгледа навистина жално.
Секако, Марадона не можеше да го трпи таквото однесување и сакаше да се пресмета со навивачите на Атлетико. На нив тргна со раце и не бираше дали тоа е машко или женско. Сепак, неговите телохранители брзо реагираа и го изнесоа во ходникот.