Неверојатен потег на Руни: Не ми треба приватна соба, сакам да сум дел од екипата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот напаѓач Вејн Руни е еден од најпознатите фудбалери кои некогаш играле во американската МЛС-лига, но легендарниот фудбалер не сака да ужива во статусот на суперѕвезда.

Руни, кој е најдобар стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, доби привилегии како приватна хотелска соба или лет со прва класа, откако потпиша за Ди-Си јунајтед, но тоа го одбил.

Овој 33-годишен фудбалер ги одби тие привилегии затоа што сака да биде дел од екипата.

„Ако сакате да бидете член на екипата, тогаш ќе бидете тоа. Не сакам специјален третман – сакам да се однесуваат кон мене, како и кон останатите фудбалери“, кажа Руни.

Да потсетиме, Руни по пристигнувањето во МЛС-лигата одигра 19 натпревари и постигна 12 голови и шест асистенции.