До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед славеше голема победа од 3:2 над Манчестер Сити во последниот денешен натпревар од англиската Премиер лига.
По првите 45. минути се чинеше дека Сити денес ќе биде крунисан за нов шампион во Англија по водството од 2:0 и тоталната доминација на теренот. Дури и најголемите фанови на Јунајтед сметаа дека во вториот дел ќе им се случи потоп и дека сигурно со наведнати глави ќе го напуштат „Етихад“.
Сепак така не мислеше Пол Погба кој со два брзи гола во 53. и 55. минута го изедначи резултатот, за во 69. минута Смолинг да го постави конечниот резултат.
Манчестер Сити ќе мора да почека уште малку за промоција во нов шампион на Англија.















