Неверојатна листа на сите најдобри тенисери: Сите кои беа број еден!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Конечно Енди Мареј го оствари својот сон, а тоа е да се најде на првото место на АТП листата. Место за кое работеше цел живот и мораше да се бори против конкуренција каква што се Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

    Прв човек кој беше на АТП листата е познатиот Романец Илија Настас, освојувач на 2 Грен слем титули, а Шкотот е вкупно 26-ти играч кој се качи на тенискиот престол.

    Меѓу претходните 25 има различни легенди. Најдолго на првото место беше Роџер Федерер, дури 302 недели, а тоа е само еден од рекордите кои го има Швајцарецот. Зад него е Пит Сампрас со 286 недели, а следат Иван Лендл со 270, Џими Конорс 268 и Новак Ѓоковиќ со 223.

    Двајца меѓу нив можат и да го зголемат конечниот биланс, Новак тоа може да го направи во Лондон за 10-на дена, а Федерер не треба да се отпишува додека го има рекетот во свои раце и покрај тоа што неговото враќање во овој момент делува навистина далеку.

    Уште 4-ца се во „клубот 100“-Џон Мекинро со 170, Рафаел Надал со 141, Бјорн Борг со 109 и Андре Агаси со 101 недела.

    Лејтон Хјуит ја искористи таа разлика која постоеше од повлекувањето на Пит Сампрас до доаѓањето на Федерер, па прв беше дури 80 недели, иако во кариерата има освоено само 2 Грен Слем титули.

    Ќе ве изнеанди дека тој повеќе време помина на врвот од гигант како Стефан Едберг(72), Џин Куриер(58) и Виландер(20) додека Бекер беше само 12 недели на врвот на АТП листата, иако оссвои 6 Грен Слем титули и вкупно 49 трофеи.

    А што е со останатите „најдобри во светот“?

    Накратко на врвот беше патрик Рафтер, кој беше само 1 недела на врвот.

    Двојно повеќе од него, односно цели 2 недели на првото место беше освојувачот на Ролан Гарос во 1998 година, а тоа е Карлос Моја, но Марсело Риос сигурно за титулата би ги заменил тие 2 недели повеќе кои ги има од Моја.

    Чилеанецот е единствен број еден во историјата кој нема освоено Грен Слем титула.

    Таквата биографија му ја обезбеди и неофицијаланата титула за најлош број еден во историјата.

    На првото место беше и Томас Мустер, дури 6 недели, кој 40 од своите 44 титули ги освои на земја, а на Вимблдон никогаш го немаше поминато првото коло. Меѓутоа, оригиналниот „крал на земја“ не е најефективен пример, повеќе е тоа Карлос Фереро, кој на тронот беше 8 недели.

    На врвот беше и Енди Родик со 13 ндели, Евгениј со 6, а немој да помислите дека го заборавивме и Марат Сафин, кој беше прв дури 9 недели.

    Енди Мареј од понеделник ќе стане дел од ова друштво и факт е дека ова достигнување е повеќе од заслужено, но за него може да кажеме дека играше во „погрешно време“.

    Тој досега има 3 Грен Слем титули и уште 8 финалиња, а на секој од најголемите турнири барем три пати доаѓаше до ½-финале. Освои и 13 Мастерс титули, вкупно има 42 трофеи и веќе долго време е во врвот на тенисот.

    Листата изгледа вака:

    Илија Настас(40)
    Џон Њукомб(8)
    Џими Конорс(268)
    Бјорн Борг(109)
    Џон Мекинро(170)
    Иван Лендл(270)
    Матс Виландер(20)
    Стефан Едберг(72)
    Борис Бекер(12)
    Џими Куриер(58)
    Пит Сампрас(286)
    Андре Агаси(101)
    Томас Мустер(6)
    Марсело Риос(4)
    Карлос Моја(2)
    Евгениј Кафељников(6)
    Патрик Рафтер(1)
    Марат Сафин(9)
    Густаво Куертен(43)
    Лејтон Хјуит(80)
    Хуан Карлос Фереро(8)
    Енди Родик(13)
    Роџер Федерер(302)
    Рафаел Надал(141)
    Новак Ѓоковиќ(223)