Неверојатна понуда за Џон Тери


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Дефанзивецот на Челси, Џон Тери доби интересна понуда за продолжување на кариерата.

    Искусниот 36-годишен фудбалер наскоро ќе го напушти тимот од „Стемфорд Бриџ“ по повеќе од 20 години, но нема намера да ја заврши кариерата.

    Тоа се обидува да го искористи кинескиот тим Гуангжу Евергранде. Кинезите му нудат на Тери годишна плата од осум милиони фунти и сметаат дека таа понуда ќе го привлече поранешниот англиски репрезентативец да се пресели во Далечниот Исток.

    Тери и порано се поврзуваше со заминување во Кина, но на крајот Челси го продолжи договорот и остана во споменатиот клуб.

    Сепак, се чини дека дојде времето за разделба, а нам ни останува да видиме дали легендата на „сините“ ќе одлучи да се пресели во Кина.