Неверојатно: Ако Гризман не постигне гол, тогаш Атлетико не победува!

Статистиката никогаш не лаже, па доколку се погледне таа на Атлетико Мадрид, тогаш може да се заклучи дека веќе се во големи проблеми, а тоа не го негира ниту Диего Симеоне.

Атлетико во сабота игра против Реал Мадрид, а во мечот нема да може да смета на Диего Коста, Савиќ и на Коке.

По поразот од Бетис се забележа дека многу работи зависат од Антоан Гризман, поточно кога ги нема неговите голови, Атлетико не победува.

Атлетико сезонава ремизираше осум пати, загуби два натпревари, а Гризман не беше стрелец во осум од десет натпревари.

Затоа Симеоне сака да го активира Алваро Мората пред дуелот со Јувентус за да не би останал само на една опција.