Неверојатно: Винисиус заигра за Б-тимот на Реал и веднаш го направи потегот на годината (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младиот 18-годишен Бразилец, Винисиус Жуниор, кој беше купен за 60 милиони евра заигра викендов за Б-тимот на Реал Мадрид.

Тој играше против Лас Палмас во Сегунда, па Реал Б победи со 2-0, а потегот на натпреварот го имаше токму Винисиус.

Бразилецот имаше дриблинг за паметење, а неговите противници од Лас Палмас ќе го паметат уште долго.

Доколку продолжи вака, нема сомнеж дека ќе биде вратен во првата екипа со која настапуваше на подготвителните натпревари во САД.