Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новиот тренер на Челси, Маурицио Сари, не може да се откаже од своите навики, а една од нив е пушењето на цигари.
Италијанецот во Челси дојде од Наполи, а сега доби наредба да почне да носи костими и да престане да пуши цигари.
Правилата во Англија се такви што Сари ќе нема шанса за време на натпреварот да запали цигара, а во Наполи имаше посебна просторија на стадионот во која го правеше тоа.
Сега ќе мора Сари да се смири малку, но прашање е како ќе се откаже од своето задоволство.
Англиски новинари пишуваат дека Сари дневно пуши повеќе од 80 цигари, односно во просек по пет во еден час.
Сепак, Сари има поголеми грижи во моментов, а тоа е како да го врати Челси на врвот во Англија и да ја освои титулата во Премиерлигата.