Неверојатно: Меси е „сув“ веќе десет години, срушен уште еден негативен рекорд?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот, Лео Меси е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Во кариерата освои бројни индивидуални награди, дури пет Златни топки, девет титули во Примера и четири трофеи во Лигата на шампионите.

На Меси оваа година му се случи нешто, кое го немаше десет години. Имено, Меси во цела 2018. година не успеа да постигне ниту еден погодок со глава настапувајќи за Барселона и репрезентацијата на Аргентина.

Тоа последен пат му се случи дамнешната 2007. година, а неверојатната низа ја започна 2008. година во победата против Хихон со 6:1.

Меси во Барселона е целата своја кариера, а досега запиша повеќе од 400 настапи.