Неверојатно: Ова не му се случило на Роналдо од 2009. година (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тешко е на крајот од 2018. година да се каже дека истата е успешна за Кристијано Роналдо.

Од аспект на некој просечен играч, освоената Лига на шампиони и трансферот во Јувентус сигурно не можат да се сметаат за неуспех, но се чини дека за стандардите на Роналдо тоа не е доволно.

Кристијано Роналдо по мечот со Сампдорија ја заврши годината на втората позиција на листата на стрелци со 49 погодоци, два помалку од Лео Меси.

На страна тој податок, не постои награда која се доделува на крајот на годината за споменатиот учинок, но можеби за егото на Роналдо нешто друго е позначајно.

Првпат од 2009. година, Португалецот не успеа да постигне 50 погодоци во календарска година, па тоа на некои може да им послужи како повод да укажат дека кариерата на Роналдо полека оди низ брдо.

Еден погодок помалку во однос на стандардот кој Роналдо го постави во последните осум години не е преголемо заостанување, особено ако земеме предвид дека Португалецот не играше за националниот тим во Лигата на нациите.

Со Реал Мадрид не играше во Купот на Кралевите во 2018. година, за Јувентус исто така не настапуваше во Купот, а прескокна и еден меч во групната фаза од Лигата на шампионите во тековната сезона.

Кога ќе се собере се, би се кажало дека Португалецот нема причина за грижа, а тоа го потврдуваат и бројките од почетокот на новата сезона. Роналдо веќе стигна до 14 првенствени погодоци во дресот на Јувентус, и сите шанси се во игра за освојување на сите можни трофеи, а ако продолжи во овој ритам секако му следуваат и неколку индивидуални награди за оствареното во сезоната 2018/19.

 

View this post on Instagram

 

For the first time since 2010, CR7 hasn’t reached 50 goals in a calendar year.

A post shared by Bleacher Report Football (@brfootball) on