Неверојатно: Сампаоли бараше дозвола од Меси за да го пушти во игра Агуеро (ФОТО)

Со голот на Маркос Рохо, Аргентина успеа да се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Русија.

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед во 86. минута погоди за 2-1 и голема радост на „Гаучосите“, но во центар на внимание беше една друга ситуација.

Селекторот Хорхе Сампаоли очигледно е само официјално на таа позиција, а доказ за тоа е ситуацијата на десет минути пред крајот на натпреварот.

Меси покрај клупата бараше освежување, а Сампоали го праша Меси дали да го пушти во игра Агуеро.