Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Жозе Мурињо денеска го напушти Манчестер јунајтед по поразот од Ливерпул со 1-3 на „Енфилд“, а веќе почна да се шпекулира кој ќе го замени на „жешкото“ столче.
„Црвените ѓаволи“ по две ипол сезони останаа без тренер, а еден од кандидатите за наследник на Мурињо е Маурицио Покетино од Тотнем, а таа идеја ја подржува и Гери Невил.
„Клубот досега се обидуваше со тренери кои освојуваа европски титули, но сега е потребен некој различен од нив и некој кој ќе негува возбудлив фудбал“, кажа Невил.
Како потенцијални кандидати се споменуваат и Зинедин Зидан, Лорен Блан и многу други.