Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал просто се понижени во двомечот од осмина финалето на Лигата на шампионите од Баерн.
Топџиите во првиот меч се поразени со високи 5:1 во Минхен, а исто беше и вечерва на Емирати.
Твитер веќе гори, а многу статистики велат дека Арсенал вечерва собори некои од негативните рекорди во својата историја, но и историјата на Лигата на шампионите.
Имено, тие се поразени со 10:2 од Баерн што е втор најтежок пораз на една екипа во нокаут фаза од ЛШ во овој формат.
Првото место истотака го држи Баерн кој во сезоната 2008/09 го победи во двомеч Спортинг Лисабон со неверојатни 12:1. Многу е можно за моралот конечно да проработи кај тренерот на Арсенал Арсен Венгер кој веќе вечерва може да стане поранешен.