Него сте го заборавиле? Тој ќе биде фудбалер на Манчестер Сити од јануари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот стигна во Манчестер, ќе го гледа натпреварот против Челси.

Во овој викенд на програмата е 14 коло од Премиерлигата, а дербито секако се игра меѓу Манчестер Сити и Челси.

Еден од гостите на овој меч ќе биде и Габриел Жесус, фудбалер кој уште во август потпиша договор со Манчестер Сити, но нивни фудбалер ќе стане дури од јануари 2017 година.

Младиот 19-годишен бразилски напаѓач стигнува од Палмеирас, еден од причините за неговото доаѓање од одложување на натпреварите во Бразил поради авионската несреќа.

Ова е само почеток, добро е да оствариме мал контакт, да видо  каде ќе живее и работи, тоа е се“, рече Пеп Гвардиола кога го прашаа за причините зошто доаѓа Габриел Жесус.

Жесус потпиша договор до 2021 година со Манчестер Сити, а Граѓаните платија 27 милиони фунти за него.