Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус направи тим за освојување на Лигата на шампионите, на секоја позиција има двајца фантастични играчи што предизвикува и незадоволство кај поединци во тимот. Еден од нив е и стоперот Меди Бенати.
Искусниот Мароканец изминатата сезона беше стандарден, но по враќањето на Бонучи во Торино го загуби местото во првата постава. Што не му е лесно…
„Се мачам со минутажата. Изминатата сезона се беше добро бидејќи имав континуитет во игрите кој го немам за жал оваа сезона. Се е тоа дел од работата, мое е да работам, тренирам и да бидам подготвен, но не е пријатна ситуацијата. Нормално е да не уживам во тоа, имам 31 година и сакам да играм што е можно повеќе“, истакна Бенати за италијанските медиуми.
Ваквите зборови влечат логичен заклучок да размислува за промена на клубот во јануари.
„Ќе видиме што ќе се случ во јануари. Колку Јувентус ќе ме користи, дали сум им потребен, дали тренерите ме сакаат… На располагање сум му на тимот и додека сум овде ќе го понудам својот максимум“.
Веднаш почнаа приказни за трансферот во Манчестер Јунајтед. Мурињо бара искусен стопер и Бенати се вклопува во тој профил на играчи. Особено што Манчестер Јунајтед и Јувентус се доведуваат во врска со неколку трансфери помеѓу овие две екипи. Јувентус сака да го врати Погба, заинтересиран е и за Марсијал, додека Јунајтед фрли око на Дибала и Алекс Сандро. Би можело ли да дојде до некоја трампа, во која Бенати ќе биде вклучен, останува да видиме, со оглед на тоа дека во најава е навистина интересен зимски преоден рок.