Незадоволство во Јуве: Тренерот и еден од клучните играчи најавија заминување?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри влезе во конфликт со раководството на клубот и би можел да ја напушти клупата на старата дама исто така и напаѓачот, Пауло Дибала, соопшти Газета Дело Спорт.

Односот на Алегри со раководството на Јувентус бил нарушен после поразот од Милан во финалето на суперкупот на Италија, но и тој конфликт настанал поради различните планови во преодниот рок.

Како заменици на Алегри се споменуваат Паоло Соуза од Фиорентина и Еусебио Ди Франческо од Сасуоло.

Алегри и неговиот статус не се единствен проблем на клубот. Пауло Дибала искажа незадоволство со понудата за новиот договор и минутажата.

Јувентус на Дибала му нуди 5.5 милиони евра по сезона што е многу помалку од најплатениот во тимот, Гонзало Игуаин(7.5), па одличниот аргентинец би можел да се насочи кон Реал Мадрид и останатите гиганти.

Дибала оваа сезона за Јувентус одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, постигна 4 погодоци и запиша 3 асистенции. Во Торино стигна минатото лето од Палермо во трансфер вреден 32 милиони евра.