Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вечерва од 21 часот, на програмата е првиот меч од полуфинаелто во рамки на Купот на Кралевите помеѓу мадридски Реал и Барселона.
Натпреварот се игра на „Камп Ноу“, а се уште е под знак прашалник настапот на најдобриот играч на екипата од Каталонија, Лео Меси.
Аргентинецот доживеа повреда на бутот во дуелот со Валенсија изминатиот викенд во Примера, а Ернесто Валверде потврди дека постојат одредени сомнежи и дека до последен момент ќе чека за да донесе одлука за тоа дали Меси ќе се најде во стартните 11.
Меси се најде во протолот за вечерашното „Ел Класико“, но до последен момент нема да знаеме дали ќе настапи.
Вечерашното дерби е само прво од трите кои ќе бидат одиграни во следниве 25 дена, реванш мечот од полуфиналето на Купот на Кралевите на програмата е на 27. февруари, додека веќе на 2. март лутите ривали ќе се состанат во рамки на Примера.
Барселона најверојатно ќе настапи и без Осман Дембеле, кој ја влече повредата на задната лпжа, додека за некое чудо, во Реал сите се здрави, единствено надвор од ростерот е Хесус Валјехо, но младиот Шпанец секако не е во плановите на Сантијаго Солари.