Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Од таборот на шведски Остерсундс потврдија дека потпишале договор со поранешниот талент на Манчестер Јунајтед кој долго лута по клубовите низ светот, Равел Морисон.
Морисон последно играше за мексиканскиот Атлас како позајмен од редовите на Лацио, а сега потпиша шестмесечен договор со шведскиот клуб.
Морисон во минатото беше посочен како еден од најголемите англиски таленти, но неговиот темперамент не му дозволи да напредува во фудбалска смисла. Играше за разни клубови низ светот, но никаде не остави добар впечаток.